(ВИДЕО) СЛАВНИОТ РАПЕР ФРЛИ МИКРОФОН ВО ПУБЛИКА 50 Сент тешко повреди водителка, со крвава глава заврши во болница

Познатиот рапер 50 Сент го фрли микрофонот во публиката во текот на настап во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи почна да кружи видео од концертот.

946

Познатиот рапер 50 Сент го фрли микрофонот во публиката во текот на настап во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи почна да кружи видео од концертот.

Познатиот рапер имал проблеми со микрофонот во текот на настапот и морал неколкупати да го менува.






Продуцентот на раперот му предал неколку искршени микрофони за време на неговиот настап, по што видно бесниот музичар го фрлил микрофонот во толпата.

 

На видеото се гледа како 50 Сент менува микрофони, а потоа налутено фрла еден во публиката, удирајќи една жена од публиката во глава. Подоцна било откриено дека станува збор за радиоводителката Брајана Монегејн. Американските медиуми јавуваат дека водителката крвавела и се здобила со повреди на главата, која поради тоа завршила во болница.

Видеото со однесувањето на раперот ги налути обожавателите.

Да потсетиме, во последните неколку месеци се појави бизарен тренд кој налути многу музичари. Откако маж од публиката ја удри пејачката Бебе Реџа со мобилен телефон по глава, следеа низа слични инциденти во кои луѓето од публиката ги таргетираа ѕвездите кои настапуваат на сцената.

ФОТО: ТикТок

Поврзани содржини