(ВИДЕО) СКАНДАЛ ИЛИ ЗАВИСТ Лорин обвинета за плагијат на „Tattoo“ направен од повеќе познати песни
Прво се говореше дека победата била наместена, а потоа дека песната е плагијат направен со крадење на делови на неколку песни.
Откако победи на синоќешниот Евросонг, шведската претставничка Лорин и нејзината песна „Tattoo“ се најдоа во средиште на скандалозни обвиненија. Прво се говореше дека победата била наместена, а потоа дека песната е плагијат направен со крадење на делови на неколку песни.
Шпанскиот „Еј-би-си“ објави дека таа е обвинета за плагијат на хит песната од оваа земја – „Flying Free“ на авторите диџеј Скудер и Чави Метрала, која тие ја опишаа како химна на „затворениот ноќен клуб за електронска музика ’Понт Аери‘ во Каталонија“.
Наведеното обвинение за плагијат првично се појави по „Мелодифестивален“ (шведски натпревар за песна на Евровизија), бидејќи некои корисници на социјалните мрежи забележаа дека првите акорди на „Tattoo“ личат на „Flying Free“.
Лорин беше обвинета и дека користела делови од хитот на АББА „The Winner Takes It All“, а некои тврдеа дека „Tattoo“ ги потсетила на песната „Euphoria“ со која таа победи првиот пат.
На социјалната мрежа Тик-ток кружи видео кое ја споредува нејзината со песна „Easy on me“ на Адел и со песна на украинска пеачка од 2005 година.
@eurovision_noa_kirel Tattoo VS Easy to go #easyonme #tattoo #eurovision #loreen #adele
Toliko. #caosvima #ESC2023 #Loreen #Eurovision23 😱 pic.twitter.com/aSRt7S17M8
— Tik Tok Slagalica (@TSlagalica) May 14, 2023