(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛЈАСКА ГИ АКТИВИРА СИРЕНИТЕ ЗА ЦУНАМИ Населението панично се евакуираше
Геолошкиот институт на САД во објава на социјалните мрежи напиша дека земјотресот се случил на 106 километри јужно од Сенд Поинт, Алјаска, во 22:48 часот во саботата.
Земјотрес со јачина од 7,2 степени предизвика кратко предупредување за цунами во јужна Алјаска доцна во саботата, но известувањето беше откажано околу еден час подоцна, објавија телата за следење.
Според Центарот за земјотреси во Алјаска, земјотресот бил широко почувствуван низ Алеутските острови, полуостровот Алјаска и регионите на Кук.
Во Кодијак, Алјаска, сирените предупредуваа за можно цунами и ги испратија луѓето во засолништа доцна во ноќта, според видеото објавено на социјалните мрежи.
Геолошкиот институт на САД во објава на социјалните мрежи напиша дека земјотресот се случил на 106 километри јужно од Сенд Поинт, Алјаска, во 22:48 часот во саботата. Земјотресот првично беше означен со јачина од 7,4 степени, но набргу потоа таа беше намалена на 7,2.
Националната метеоролошка служба на САД испрати предупредување за цунами во кое се вели дека земјотресот се случил на длабочина од 21 километар. Агенцијата го откажа алармот околу еден час по првото предупредување.
Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите набргу по објавувањето на предупредувањето за цунами соопшти дека нема закана за островите.
Се проценува дека имало осум последователни потреси во истата област на Алјаска, вклучително и еден со јачина од 5,0 степени во рок од три минути од првичниот земјотрес.
На жителите им беше препорачано да не се враќаат повторно во опасните зони без дозвола од локалните службеници за итни случаи. Проценките се дека се можни мали промени на нивото на морето.
Алјаска доживува илјадници земјотреси секоја година, од кои повеќето се премногу длабоки и премногу мали за да се почувствуваат.
#Tsunami#earthquake #Alaska
May god protect all!
This is heart breaking 💔 pic.twitter.com/yVnYzxpr9j— Taqi Datari (@DatariTaqi) July 16, 2023
Magnitude 7.4 #earthquake strikes #Alaska Peninsula region, #Tsunami warning issued. pic.twitter.com/0FDBw1JHpY
— Smriti Sharma (@SmritiSharma_) July 16, 2023