(ВИДЕО) СИ ПЛИВАЛ СО НОСОРОЗИТЕ И СО АНТИЛОПИТЕ? Приведен посетител на зоолошка градина во Нов Зеланд

„Животните, разбирливо, беа вџашени од натрапникот“, изјави портпаролот на Зоолошката.

249

Маж е приведен денеска во Зоолошката градина во Оукленд, Нов Зеланд, откако упаднал во заграден простор за животни и лежерно се капел во езерце покрај „вџашените“ и вознемирени носорози и антилопи, јавија тамошните медиуми.

Снимки од случката прикажуваат како човекот лежи во водата на грб, па си го мие лицето и косата.






– Животните, разбирливо, беа вџашени од натрапникот –  изјави гласноговорникот на Зоолошката.

Ограденото место е живеалиште на носорози и антилопи со спирални рогови. Човекот бил во вода неколку минути пред да одговори на инструкциите на вработените и да излезе од базенот. Потоа бил изнесен вон оградата и предаден на полицијата.

Директорот на зоолошката градина Кевин Були рече дека „многу му олеснало“ зашто нема повредени животни и посетители.

Поврзани содржини