(ВИДЕО) СЕКОГАШ ГИ ТРОШИМЕ ПОСЛЕДНИТЕ ПАРИ НА ПИЕЊЕ, ИМАТЕ ПРОБЛЕМ? Бугарин и Бугарка летва пијани ѝ одржаа лекција на новинарката

Ама ај што е пијана, многу е искрена.

1,288

Некаде во Бугарија, мажот се направил дрво пијан, влегол во колата и ја качил на оградата покрај патот. Возилото не мрда, ни напред ни назад.

Дошле новинарите, а новинарката се обидува да земе изјава од возачот. По неколку разменети зборчиња, новинаркава конечно сфаќа дека човекот е летва пијан.






Во тој момент доаѓа сопругата на возачот. И тамам помислуваш дека сега таа ќе ѝ објасни на новинарката како се случила несреќата и ќе го нападне сопругот кој седнал пијан да управува со возилото, кога, оп, и таа мртва пијана.

Ама ај што е пијана, многу е искрена.

Вели: „Ние вака си правиме, оти немаме можност да живееме! Да, ние секогаш ги трошиме последните пари на пиење. Кој ви е проблемот?“

Во продолжение, погледнете го видеото:

@toni.todorov.teteven #foryou #BTV #Hd #tv #drunk #piqn #шофьор ♬ original sound – Toni Todorov from Teteven

Поврзани содржини