(ВИДЕО) СЕДМИ ПРОТЕСТ „СРБИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВО“ Покрај Белград опозицијата ги наполни улиците на Нови Сад, Ниш и на Крагуевац

Организаторите наведоа дека следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата, доколку нивните барања не бидат исполнети.

187

Седмиот по ред протест „Србија против насилството“ во организација на српската опозиција денеска се одржа во Белград и во уште три града, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

Во Белград протестот почна пред Собранието, а потоа собраните граѓани го одржаа и маршот низ градот.






И од овој собир беа упатени идентични пораки како и на претходните протести.

Поголем број луѓе се собраа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, додека протестни собири имаше и во други места низ земјата.

Организаторите наведоа дека следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата, доколку нивните барања не бидат исполнети.

 

 

Поврзани содржини