(ВИДЕО) СЕ КРШАТ КЕРАМИДИ, А НА СТОЈАНЧЕ МУ СЕ СЛУШААТ ИСТРЕЛИ Дури и искусниот воин може да се збуни

1,112

„Се слушаат истрели. Стој., жити бога, клекни доле!“

Вака гласот на Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, ги предупредува учесниците во акцијата на евакуација на момче со скршена нога од опожарен објект.






На снимката навистина се слушаат покотници, но тоа „пукаат“ керамидите од покривот на плевната што гори, додека се кршат.

Ангелов има искуство од војната во 2001 година и знае што се истрели од огнено оружје. Од друга страна, тој знае и што се тоа керамиди, бидејќи кршејќи ги со глава на јавни настапи го доби прекарот Столе Керамида.

Останува заклучокот дека силно импресиониран од акцијата, Ангелов во ситуацијава, едноставно, се збунил.

;

Поврзани содржини