(ВИДЕО) СЕ ИСПОТЕПАА СОВЕТНИЦИ НА ОПШТИНА АРАНЃЕЛОВАЦ Кавгата избила поради измени во урбанистичкиот план
Инцидентот предизвика остри реакции, осуди и меѓусебни обвинувања меѓу партиите, а видео-снимката од настанот стана вирална на социјалните мрежи.
Советниците на српската општина Аранѓеловац се испотепаа на седница на која се расправало за измени на урбанистичкиот план на градот.
Синовите на пратеникот Зоран Зечевиќ од движењето Заветник, Немања и Огњен, на седницата на Собранието на општина Аранѓеловац физички го нападнале советникот на Српската напредна странка Микица Васиќ.
На социјалните мрежи е објавено видео од насилството на кое се гледа како советникот Немања Зечевиќ вика, притрчува и го клоца со тупаници и го удира со боксови советникот од СНС Микица Васиќ во главата, по што тој паѓа на подот.
Инцидентот предизвика остри реакции, осуди и меѓусебни обвинувања меѓу партиите.
Интересно е што салата во која советот на Аранѓеловац ги одржува своите седници многу потсетува на кафеана.