(ВИДЕО) СЦЕНА КОЈА ЌЕ ВИ ГО СКРШИ СРЦЕТО Слоница три дена не го остава своето мртво слонче

Таа го носи мртвото бебе два километри и се обидува да го оживее ставајќи го во вода. Одекнува мајчиниот плач, напиша чуварот Нанда.

451

На социјалните мрежи кружи потресно видео на кое се гледа како слоница се обидува да го оживее своето мртво слонче.

На видеото, направено во Асам, се гледа како женката го повикува и клоца бебето додека тоа лежи неподвижно во реката.






– Младенчето залутало од стадото и починало пред три дена – јавува НДТВ.

Слоницата сепак го носела слончето околу два километри и се обидел да го оживее ставајќи го во реката.

Сусанта Нанда од Индиската шумска служба ја објави снимката на Твитер и рече дека сцената му го „скрши срцето“.

– Слончето умре, но мајката не се откажува. Таа го носи мртвото бебе два километри и се обидува да го оживее ставајќи го во вода. Одекнува мајчиниот плач – напиша Нанда.

 

Поврзани содржини