(ВИДЕО) САМА ПРОСЛАВИ ДВА РОДЕНДЕНИ ВО ТЕМНИНА Без контакт со надворешниот свет, Шпанката Фламини помина 500 дена во пештера длабока 70 метри

Фламини го започна својот предизвик во саботата, 20 ноември 2021 година, пред избувнувањето на војната во Украина, како резултат на кризата на трошоците за живот, укинувањето на задолжителното носење маски во Шпанија и смртта на британската кралица Елизабета Втора.

512

Екстремната спортистка од Шпанија, Беатриз Фламини излезе на површина откако помина 500 дена во пештера во близина на Гранада на длабочина од 70 метри без контакт со надворешниот свет.

Ова беше експеримент внимателно следен од научници кои сакаа да дознаат повеќе за способностите на човечкиот ум и деноноќниот ритам.

 






Беатриз Фламини, 50-годишна елитна спортистка, планинар и алпинист, го собори светскиот рекорд за време поминато во пештера, тврди нејзиниот тим за поддршка.

Имала 48 години кога се симнала во пештерата, а два родендени прославила сама под земја.

Таа го започна својот предизвик во саботата, 20 ноември 2021 година, пред избувнувањето на војната во Украина, како резултат на кризата на трошоците за живот, укинувањето на задолжителното носење маски во Шпанија и смртта на британската кралица Елизабета Втора.

 

Медиумското покривање за нејзиното излегување од пештерата беше ограничено. Националниот телевизиски канал ТВЕ ја сними како носи темни наочари и ја гушка екипата.

Таа го опиша своето искуство како „одлично, непобедливо“. Новинарите ја прашаа за повеќе детали, па таа одговори: „Молчев година и пол, не разговарав со никој освен со себе“.

– Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Ако ми дозволите да се истуширам, година ипол не сум ја чепнала водата, се гледаме наскоро. Дали е тоа во ред со вас – им порача таа на насобраните новинари.

 

Портпаролот на Гинис не можеше веднаш да потврди дали има посебен рекорд за доброволен престој во пештерата и дали Фламини го соборила.

Поврзани содржини