(ВИДЕО) СЀ ШТО СМЕ УЧЕЛЕ ДОСЕГА ПАЃА ВО ВОДА?! Пронајдена најстарата гробница и докази дека мртвите биле закопувани 100.000 години пред да се појават современите луѓе

Посмртните останки се закопани на околу 30 метри под земја во пештерски систем под заштита на УНЕСКО, во близина на Јоханесбург

2,741

Палеоантрополозите тврдат дека имаат докази дека 100.000 години пред современите луѓе и неандерталците, нашиот исчезнат предок ги закопувал своите мртви.

За време на ископувањата во 2013 година во системот пештери Rising Star во Јужна Африка, беа откриени остатоци од изумрен вид хоминин кој на крајот беше вклучен во родот Homo. Тоа е хомо наледи и оттогаш се откриени уште околу 1.500 коскени фрагменти од овој вид.






Неговиот изглед бил сличен на оној на современите луѓе со понизок раст, додека волуменот на неговиот череп бил околу една третина од човечкиот.

После неколку години, експертите тврдеа дека тој ги закопувал своите мртви во споменатата пештера.

Наодите го оспоруваат сегашното разбирање на човековата еволуција, бидејќи се смета дека развојот на поголем мозок овозможил извршување на сложени, „значајни“ активности како што е закопување на мртвите.

Истражувачите предводени од палеоантропологот Ли Бергер објавија дека откриле неколку примероци на хомо наледи, хоминид од камено доба што се качува на дрвја. Посмртните останки се закопани на околу 30 метри под земја во пештерски систем под заштита на УНЕСКО, во близина на Јоханесбург.

-Ова се најдревните остатоци од хоминини досега забележани, постари се најмалку 100.000 години од доказите за погребување на хомо сапиенсот – напишаа научниците во серија трудови што допрва треба да бидат разгледани и објавени во списанието eLife.

Најстарите гробници откриени досега се пронајдени на Блискиот Исток и Африка. Тие содржеле остатоци од хомо сапиенс и биле стари околу 100.000 години. Гробницата што ја пронајде Бергер во Јужна Африка датира од најмалку 200.000 години п.н.е.

Поврзани содржини