(ВИДЕО) РАМА СТРАСНО ЈА БАКНА ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА Опозицијата му порача дека не е во Холивуд

2,803

Албанскиот премиер Еди Рама повторно бранува со своето однесување. Тој на неодамнешниот самит на Европската политичка заедница во Кишињев со својот потег ги изненади сите, а најмногу италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Од видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како Рама и приоѓа одзади на италијанската  колешка, силно ја прегрнува и ја бакнува во образот.






Неконвенционалното однесување на Рама со светските лидери првпат се најде во фокусот на медиумите кога тој го бакна Жан-Клод Јункер за време на состанокот во 2019 година, а на минатогодишниот самит во Тирана Рама ја бакна раката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Опозицијата во Албанија го критикуваше однесувањето на премиерот и порача да не се занесува дека е холивудска ѕвезда на црвениот тепих.

 

 

Поврзани содржини