(ВИДЕО) ПУКАЛ СО ПИШТОЛ СО НАМЕРА ДА УБИЕ 18-годишен регрут застрелал три лица на воен полигон во Јапонија

Во вооружениот инцидент убиени се две лица, а еден е ранет, напаѓачот е уапсен.

210

Две лица загинаа, а еден е ранет во вооружен инцидент што се случи за време на вежба на воен полигон во централна Јапонија, кога 18-годишен регрут пукал во своите колеги.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот кој е уапсен, „пукал со пиштол со намера да убие“.






– За време на вежба со боева муниција како дел од обуката, еден од регрутите застрела три лицан- се вели во соопштението на јапонската војска.

Националната телевизија NHK објави дека застрелани се маж на возраст од педесет и други двајца мажи на возраст од дваесет години.

Воздушните снимки емитувани од станицата покажуваат дека војската и цивилите се раздвижени околу возилото за Брза помош и дека полицијата ги блокира околните патишта.

Поврзани содржини