(ВИДЕО) ПРИВРЗАНИЦИТЕ ГО ОКУПИРАА МАЈАМИ Доналд Трамп денеска пред суд
Трамп се соочува со десетици обвиненија за незаконско задржување доверливи информации, вклучително и некои за нуклеарни тајни.
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, пристигна во Мајами, каде подоцна ќе се појави пред судот под обвинението за неправилно постапување со досиејата за национална безбедност. Во Мајами веќе е вонредна состојба, бидејќи пристигнаа голем број поддржувачи на Трамп, но полицијата гарантира безбедност на сите.
Трамп се соочува со десетици обвиненија за незаконско задржување доверливи информации, вклучително и некои за нуклеарни тајни.
Трамп, кој води кампања за враќање во Белата куќа во 2024 година, негира дека сторил кривично дело, но се соочува со своето прво федерално кривично гонење.
Во меѓувреме, градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, им изјави на новинарите дека градот се подготвува за појавувањето на Трамп на суд.
Hispanic Trump supporter rallying ahead of Trump’s arrival at Trump National Doral UNLOADS on DOJ indictment:
“We love him here in Florida. We love him in Miami.” pic.twitter.com/TnCxCabUfY
— Danny De Urbina (@dannydeurbina) June 12, 2023
Полицијата ќе биде распоредена во очекување на толпа од 50.000 луѓе, истакна Суарез иако други извори за американските медиуми рекоа дека се очекуваат помалку луѓе.
Во саботата, во своето прво јавно појавување откако беше обвинет, Трамп рече дека случајот претставува „мешање во изборите“ од страна на „корумпирано“ ФБИ и Министерството за правда.
Обвинението од 37 точки беше поднесено откако во август беа пронајдени повеќе од 100 доверливи документи во приватното одморалиште на Трамп Мар-а-Лаго на Флорида.
Федералните обвинители го обвинуваат Трамп дека незаконски ги задржал документите, држејќи некои во сала за бал и во тоалетот во Мар-а-Лаго и дека заедно со неговиот помошник се обидувал да ја попречи владата да ги преземе.
Документите наводно содржеле информации за одбранбените и вооружените способности на САД и странските земји, како и планови за можна одмазда како одговор на странски напад.
Трамп, како што се наведува во обвинението, се обидел да ја попречи истрагата на ФБИ за исчезнатите досиеја, сугерирајќи му на својот адвокат да ги „скрие или да ги уништи“ , или да им каже на истражителите дека не се таму.
JUST IN – Trump lands in Miami, Florida ahead of court appearancepic.twitter.com/HlqeMSgQg9
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) June 12, 2023
Правните експерти велат дека кривичната пријава може да доведе до затворска казна за Трамп доколку биде осуден. Тој вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања без оглед на пресудата.
Трамп е првиот поранешен или сегашен претседател на САД кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функција или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.
Трамп го обвини демократскиот претседател Џо Бајден дека ги организирал обвинувањата против него за да и наштети на неговата кампања. Бајден се огради од случајот и одбива да го коментира.