(ВИДЕО) ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАВРШЕА КАКО ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА Папараците два часа ги бркале низ Њујорк

Инцидентот се случи откако Меган и Хари присуствуваа на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот.

535

Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд биле вмешани во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил во Њујорк додека биле следени од папараци, изјавил неговиот портпарол.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски средби во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на полицијата во Њујорк“, додал портпаролот.






Инцидентот се случи откако Меган и Хари присуствуваа на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот.

Тоа беше прво појавување на парот во јавноста по враќањето на Хари од Лондон, каде што присуствуваше на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети.

Војвотката од Сасекс во Њујорк ја доби наградата „Жена со визија!“ за охрабрување на жените да се борат за еднаквост.

„Никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионери на своите животи… Има толку многу да се направи“, рекла Меган на доделувањето на наградата.

Инцидентот се случи по извештаите дека пред домот на Хари и Меган во понеделникот било уапсено лице кое ги демнело. Претставници на канцеларијата на шерифот во Санта Барбара тогаш соопштија дека добиле повик од обезбедувањето во домот на познатиот пар околу два часот по полноќ.

Да потсетиме, принцезата Дијана и нејзиниот тогашен партнер Доди Ал Фаед на 31 август 1997 година, по вечерата во хотелот „Риц“ во Париз, тргнаа на вечерно излегување во мерцедесот на Дијана. Папараците не ги оставиле на мир, ги следеле во чекор, а автомобилот со голема брзина влетал во тунелот Алма и удрил во ѕидот. Возачот Хенри Пол и Доди починале на лице место, а Дијана четири часа подоцна во болница. Единствениот преживеан е телохранителот на Доди, Тревор Рис Џонс. Доктор Бруно Рион во 4 часот наутро објавил дека принцезата Дијана починала како последица на внатрешно крвавење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата.

Наводно, несреќата се случила кога бегале од упорните папараци, но оттогаш имаше уште неколку теории, а една од најпопуларните, но и која се смета за теорија на заговор, е дека во случајот била вмешана и британската разузнавачка служба.

Принцот Хари долго време зборува за својот гнев поради влијанието на медиумите врз смртта на неговата мајка принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа бегајќи од папараците во Париз, јавува британската агенција Ројтерс.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини