(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ИЗБИЛ НА ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ ПАНЕЛИ! Истрагата треба да утврди зошто

Брендот Тила го градиме веќе 15 години, создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа – пишуваат од компанијата.

732

Пожарот на прилепската конфекција Тила, во некогашната фабрика за чевли „Борка Левата“ започнал од фотоволтаичните панели на покривот од зградата на објектот – пишуваат компанијата во објава на Фејсбук, каде е објавено и видео и фотографии од пожарот кој ја пеплоса фабриката.

Сепак, причините за избивањето на пожарот не се познати, а одговорите треба да ги даде официјалната истрага, напоменуваат од компанијата.






„Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци. Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок“ – соопштија од Тила.

(ВИДЕО) ВО ТИЛА ОСТАНА САМО ПУСТОШ И ЗГАРИШТЕ Пожарот збриша сè во прилепската конфекција

Поврзани содржини