(ВИДЕО) ПОДГОТВИВ ФУСТАН ЗА СВОЈОТ ПОГРЕБ На Шенон Доерти ракот ѝ се проширил на мозок
Американската актерка Шенон Доерти на социјалните мрежи споделила потресни детали за својата борба со канцерот на дојка во четврти стадиум кој се проширил и на мозокот.
Американската актерка Шенон Доерти на социјалните мрежи споделила потресни детали за својата борба со канцерот на дојка во четврти стадиум кој се проширил и на мозокот.
„12 јануари 2023 CT на 5 јануари покажа метастази и во мозокот. Вчерашното видео го прикажуваше процесот на поставување на маска која ја носите во текот на зрачењето на мозокот. Првиот круг зрачење започна на 12 јануари. Мојот страв е очигледен, исклучително сум клаустофобична и многу работи се случуваа во мојот живот. Среќна сум што имам прекрасни доктори како Амина Мирахдија и медицинските техничари во „Cedars-Sinai“ болницата, но тој страв… Промени… Времето во кое сето тоа доаѓа… Вака канцерот може да изгледа“, навела актерката во описот на видеото.
Претходно таа кажала дека пишува проштални писма и снима пораки за своето семејство, а подготбила и фустам во која сакала да биде погребана.
„Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Се трудам последните месеци да подобрам некои односи, да им се извинам на луѓето кои сум ги повредила свесно или несвесно. Настојувам да живеам во полна пареа и да уживам во ова малку време кое ми остана“, вели актерката во потресната исповед.
Shannen Doherty shares heartbreaking cancer update. https://t.co/5MDGantwd1 pic.twitter.com/C3rjtW1dPT
— Page Six (@PageSix) June 7, 2023