(ВИДЕО) ПО ШЕСТ ТРЕТМАНИ На Хју Џекман повторно му беа направени биопсии за рак на кожата

Австралискиот глумец говореше за своето здравје на својот инстаграм-профил, предупредувајќи ги следачите да одат на редовни прегледи и да се заштитат од сонцето.

297

Хју Џекмен откри дека повторно е подложен на тестови за рак на кожата по неодамнешен преглед на лекар. Австралискиот глумец говореше за своето здравје на својот инстаграм-профил, предупредувајќи ги следачите да одат на редовни прегледи и да се заштитат од сонцето.

„Здраво луѓе! Сакав да го слушнете ова од мене. Само што направив две биопсии, очекувам резултати од тестот следниве неколку дена. Само да ве потсетам, ракот на базалните клетки е најмалку опасен, но се надевам дека ова ве охрабрува да се заштитите од сонцето“, изјави 54-годишниот актер.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)


На Џекмен првпат му беше дијагностициран рак на кожата во 2013 година, кога шминкерот на снимањето на „Икс мен“ (X Men) го предупредил за необичен израсток на носот, па сопругата го убедила да оди на лекар… Оттогаш, лекарите му го отстраниле тој израсток шест пати.

Карцином на базалните клетки е вид рак на кожата за којшто се верува дека е предизвикан од прекумерна изложеност на ултравиолетовите зраци и солариум. Тоа е најчестиот рак на кожата.

Поврзани содржини