(ВИДЕО) ПЕЈАЧКАТА СЀ МУ ПРОСТИЛА? Беа најпопуларниот пар во 2000-те, а сега повторно се во врска

Музичките ѕвезди, раперот Нели (48) и пејачката Ашанти (42), кои беа светски познати во 2000-те години, наводно повторно се во врска.

206

Музичките ѕвезди, раперот Нели (48) и пејачката Ашанти (42), кои беа светски познати во 2000-те години, наводно повторно се во врска.

Инаку, парот за првпат отпочна гласини дека ја обновил старата романса кон крајот на мај оваа година, кога приредија вистински музички спектакл во Лас Вегас, настапувајќи заедно.

 






Подоцна 42-годишната Ашанти во разговор за емисијата „Watch What Happens Live With Andy Cohen“ откри и детали за нејзиниот однос со Нели.

„Имаше доста коментари и повеќето сакаа да ја знаат вистината. Сега нашиот однос е многу подобар од претходно, кога постојано се каравме. Сега комуницираме, одлично ни оди“, рекла пејачката.

За потсетување, пред 10 години Ашанти наводно раскина со Нели поради неговото „кукавичко предавство“. За нивната разделба зборуваше во една емисија во 2015 година.

„Мислам дека кога луѓето имаат сопствени несигурности, тоа ги наведува да се однесуваат бескарактерно. Чувствувам дека ме предаде. Мора да пораснете и да ја прифатите одговорноста за нештата кои ги правите. Не сакам кога луѓето се кукавици“, изјави Ашанти во таа прилика.

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини