(ВИДЕО) ОСУМ МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА Излезе новиот трејлер за „Невозможна мисија 7“ со Том Круз
Трејлерот започнува со тоа што Круз драматично застанува со својот мотоцикл на самиот раб на карпа, но не поминува долго пред да одлучи дека и тоа нема да го спречи да забрза.
Вчера беше објавен новиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Невозможна мисија 7“ со Том Круз.
За само неколку часа откако е објавен, трејлерот има повеќе од 8 милиони прегледи.
Круз се враќа како Итан Хант во долгоочекуваното продолжение на акционата франшиза, а ќе му се придружат и другите ѕвезди од „Невозможна мисија“ Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Хенри Черни, Ванеса Кирби и Фредерик Шмит.
Трејлерот започнува со тоа што Круз драматично застанува со својот мотоцикл на самиот раб на карпа, но не поминува долго пред да одлучи дека и тоа нема да го спречи да забрза.
Официјалното име на филмот е „Mission: Impossible – Fallout with the Dead, Part 1“, а во кината треба да пристигне на 12 јули.