(ВИДЕО) ЏОРДАН ТРИ ПАТИ ГО БАКНА ЈОКИЌ! Американецот му пријде на Никола и го испочитува по традиционалниот српски обичај
Ова не е прв пат Џордан тоа да го направи, истото се случи на крајот на март кога се сретнаа Денвер и Милвоки, а Деандре брзо ја научи лекцијата од Јокиќ како да го направи тоа.
Кошаркарите на Денвер Нагетс го добија вториот натпревар од 1. коло од плејоф серијата против Минесота Тимбервулвс со 122:113, благодарение на одличната партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
На Денвер не му беше се така лесно на овој меч, бидејќи имаше предност од +21, а потоа следеше пад во третата четвртина. Минесота поведе, но Нагетс успеаја да го вратат водството и да го преземат водството во серијата 2:0.
По мечот следуваше големо славје на победата со Деадре Џордан. Американецот му пријде на Никола и го бакна трипати, на традиционален српски начин.
Она што е интересно е што не е првпат Џордан да користи традиционални српски обичаи.
Џордан тоа го направи и на крајот на март кога се сретнаа Денвер и Милвоки, а Деандре брзо ја научи лекцијата од Јокиќ како да го направи тоа.
Оваа сцена ја воодушеви присутната публика, па набрзо нивното „бакнување“ се прошири на социјалните мрежи.
DeAndre Jordan congratulates Nikola Jokić with the three European kisses 🤣 pic.twitter.com/BQyikOKxsx
— Per Sources (@PerSources) April 20, 2023