📽️ ВИДЕО ОД ТЕПАЊЕТО НА 4-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ГИ ШОКИРА СИТЕ Мајката го снимила нападот, татко заврши зад решетки

Без причина, само затоа што некој има болен ум и не размислува во моментот, нашол да покажува сила врз деца. Ако возрасните имаат проблеми, зошто децата да бидат виновни? Стресно е и за другите, тие се три сестрички, на возраст од 3, 4 и 9 години, напиша мајката во објавата на социјалните мрежи.

2,492

28-годишен скопјанец од Драчево заврши во притвор откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка. Видеото, објавено од мајката на детето, сега е клучен доказ во истрагата што ја води Основното јавно обвинителство Скопје.

Мајката на детето преку социјалните мрежи сподели емотивна објава, со која го придружи и видеото:






„Зарем вакво детство заслужува едно дете?“ – прашува мајката во потресната објава.

„Без причина, само затоа што некој има болен ум и не размислува во моментот, нашол да покажува сила врз деца. Ако возрасните имаат проблеми, зошто децата да бидат виновни? Стресно е и за другите, тие се три сестрички, на возраст од 3, 4 и 9 години. Сè се случи во сабота наутро, а истата вечер тој веќе беше приведен во полициска станица, а сега е во притвор. И повторно – јас сум виновна што пријавив и што сакам да ги заштитам моите деца. Детството е најубавиот период, а некој вака им го уништува… Не смее да биде така. Детето има видливи телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе носат доживотни трауми“, напиша таа.

Како што соопшти обвинителството, постапката е иницирана поради основано сомнение дека осомничениот, во семејниот дом во населбата Драчево, извршил семејно насилство и телесно ја повредил својата малолетна ќерка, родена во 2021 година.

Инцидентот се случил додека мајката на девојчето приготвувала оброк, а детето си играло со своите две сестри. Во моментот кога се качило на креветот во дневната соба за да земе играчки, осомничениот започнал со навреди и физичко насилство — ја удирал по лицето со шлаканици, нанесувајќи ѝ набиеница на главата и огреботини по кожата. Дополнително, и се заканувал дека ќе ја убие.

Обвинителството посочува дека според изјавите дадени при пријавата, осомничениот веќе подолго време покажувал агресивно и насилно однесување во семејството. Јавниот обвинител оценил дека постои реален ризик од повторување на насилството, што може сериозно да го загрози нормалниот психофизички развој и воспитување на децата.

Дополнителен ризик е и можноста осомничениот да избега доколку се брани од слобода, со што би ја избегнал кривичната одговорност за делото. Затоа, Обвинителството до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор која беше прифатена.

ЈА УДИРАЛ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ Четиригодишно девојче претепано од таткото, Обвинителството бара притвор

Поврзани содржини