ВИДЕО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА Според сведок, шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот
Причината за пожарот и експлозијата останува нејасна. Властите изјавија дека се чини дека станува збор за несреќа и исклучија можност од трористички напад.
Околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар во преполн бар за време на новогодишната забава во луксузниот швајцарски скијачки центар Кран Монтана. Меѓу жртвите има државјани на неколку земји. Според очевидците, гостите во барот „Констеласион“ биле на возраст од 15 до 20 години.
Причината за експлозијата останува нејасна. Властите изјавија дека се чини дека станува збор за несреќа и исклучија можност од трористички напад.
– Моментно го третираме ова како пожар и не ја разгледуваме можноста дека станува збор за напад. Во тек е истрага – изјави обвинителката Беатрис Пилу на прес-конференција.
Швајцарските медиуми објавија видео кое почна да се шири на социјалните мрежи на кое се гледа како таванот на барот гори. Се чини дека ова би можело да биде почеток на овој ужасен пожар.
🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026
– Неколку десетици луѓе загинаа во пожарот. Моментално работиме на идентификување на жртвите и известување на нивните семејства. Ќе биде потребно извесно време и е прерано да се даде прецизен број. Веројатно е дека меѓу жртвите ќе има луѓе од различни националности. Соработуваме со други земји за да ги идентификуваме сите – рече Фредерик Гислер, командант на полицијата во кантонот Вале.
Властите додадоа дека многу жртви имаат „тешки изгореници“.
Швајцарските медиуми сугерираат дека пожарот можеби започнал кога биле употребени пиротехнички средства за време на концертот, но полицијата нагласува дека причината сè уште е непозната.
Одделот за интензивна нега во локалната болница е „полн“, па затоа некои од повредените пациенти мора да бидат префрлени во болница во друг кантон за итна медицинска помош.
Службениците велат дека експлозијата погодила неколку стотини луѓе од различни националности.
– Повеќето од повредените се во сериозна состојба – рече Матијас Рејнар, шеф на кантоналната влада.
Полицијата објави дека областа е „целосно затворена за јавноста“ и дека „е воспоставена зона на забрането летање над Кран Монтана“.
На прес-конференцијата, службените лица беа прашани за стандардите за противпожарна безбедност во клубот „Констеласион“, по извештаите дека некои луѓе биле „заробени“ во зградата, во која се користела пиротехника. Полицијата одговори дека истрагата е во тек и не можат да ги потврдат деталите, но остануваат убедени дека нема заговор за терористички напад, со оглед на природата на пожарот.
Гансер, поранешен пожарникар, изјави дека експлозијата во барот е резултат на пожар.
– Пожарот се прошири и, како што се развиваше, предизвика голема експлозија – рече тој.
Улис Броко, 16-годишен инструктор во скијачко училиште, еден од многуте сезонски работници кои доаѓаат во Кран Монтана рече дека неколку негови пријатели биле во клубот кога избувнал пожарот.
Тој рече дека стапил во контакт со некои кои се безбедни, но сè уште не добил одговор од другите за кои знае дека биле внатре кога избувнал пожарот. Пријателот на неговиот пријател е во кома во болница во Зајон.
– Ова е целосна трагедија. Имало стотици луѓе внатре – вели тој.
Објектот, додава, бил на две нивоа – барот на главниот кат и тесните скали што воделе до дискотеката во подрумот. Тој претпоставува дека токму таму луѓето можеле да бидат заробени и онеспособени поради вдишување чад.
Тој додаде дека во барот биле достапни лулиња за наргиле.
– Она што луѓето го велат е дека жарот можел да се истури и да предизвика пожар – вели Броко.
Друга девојка, која се спасила од пожарот во последен момент, вели дека видела шанкерка качена на рамењата на шанкерот, а во рацете високо подигнати, држела шампањско со запалена пиротехника во шишето. Од пиротехниката огин го зафатил аванот, кој набрзо целосно пламнал.
ПИРОТЕХНИКА ГО ЗАПАЛИЛА ПЛАФОНОТ Најмалку 40 мртви, над 100 повредени во пожарот во Кран Монтана