ВИДЕО ОД 19-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЌЕ ЈА УБИЕШЕ КРАЛИЦАТА Ова е одмазда за масакрот во Панџаб
Жал ми е за она што го направив и што ќе направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година, вели момчето во видеото.
Се чини дека момчето кое имало само 19 години и кое пред два дена, на католичкиот Божиќ успеа со самострел да стигне на 500 метри од одаите на англиската кралица Елизабета, снимило видео во кое ги објаснува своите причини за крвавиот чин. „Дарт Џонс“ носи бела маска како војник од филмот „Војна на ѕвездите“, а вели дека атенататот е одмазда за масакрот на над 1500 луѓе во Џалијанвала Баг во државата Пенџаб во Индија кој империјална Британија го извршила во тогашната своја колонија во 1919 година.
It’s been revealed a 19-year-old intruder who was arrested in the grounds of Windsor Castle was armed with a crossbow – and it’s claimed he intended to assassinate the Queen. https://t.co/TWh1KQycs4 @MKarstunen #7NEWS pic.twitter.com/ADMQh9WWut
— 7NEWS Sydney (@7NewsSydney) December 27, 2021
– Жал ми е за она што го направив и што ќе направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година. Тоа е исто така одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Моето име беше Џасвант Синг Чил, сега се викам Дарт Џонс – вели тој во видеото.
Момчето подоцна беше уапсено од вооружената полиција во замокот Виндзор, а ќе биде третирано според Законот за ментално здравје. Младиот човек им го испратил видеото на своите пријатели преку „Снепчет“ во 8 часот и 6 минути утрото на Божиќ, 24 минути пред да биде уапсен.