📽 ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СПОДЕЛУВААТ ЕДНА ПОРАКА ОД ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ НА МЕТЈУ ПЕРИ „Луѓето не се сами…“

По веста за смртта на холивудскиот актер Метју Пери, на социјалните мрежи се прошири една порака од последното интервју на актерот, кое е објавено на почетокот на ноември минатата година.

259

По веста за смртта на холивудскиот актер Метју Пери, на социјалните мрежи се прошири една порака од последното интервју на актерот, кое е објавено на почетокот на ноември минатата година.

Интервјуто било снимено по повод објавувањето на мемоарите на Пери, „Friends, Lovers and the Big Terrible Thing“, а актерот се обидел да им даде совет на сите луѓе кои се соочуваат со истите проблеми со кои се соочува и тој.






„Ме замолија да дадам каков било општ животен совет. По малку е смешно дека го побараа тоа од мене“, рекол Метју, па продолжил: „Сакам луѓето да разберат дека не се сами, дека постојат други луѓе кои се чувствуваат исто како и тие. Дека нивното однесување не е лудо, дека имаат болест и дека тоа не е нивна вина“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Да потсетиме, во своите мемоари Пери проговори за својата борба со зависностите, која започнала уште додека бил тинејџер. Неговата злоупотреба на разни супстанции започнала по повредата на вратот со која се здобил додека го снимал „Fools Rush In“. Доктор на сетот му дал викодин за да ја ублажи болката.

„Кога таблетата започна да делува, нешто кликна во мене. И тоа беше тој клик кој го бркав остатокот од животот“, изјави познатиот актер во една прилика.

Метју почина изминатиот викенд на возраст од 54 години, а веста за неговата смрт ги потресе бројните обожаватели ширум светот.

Поврзани содржини