(ВИДЕО) ОБЛАК ОД ХЕМИКАЛИИ НАД ХАМБУРГ Истекува сулфурводород по пожар на камиони

641

Облак полн со хемикалии се шири низ Хамбург, Германија, откако се запалила камионска постојка во градот.

Пожарот избувнал утрово околу 4:30 часот и забрзано се шири. Полицијата ги предупредила жителите дека кон градот се движи силен чад. Граѓаните од населбата Ротенбургсорт добиле официјална препорака да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од гасови и хемиски соединенија во воздухот.






На местото на пожарот наводно истекува водород сулфид или сулфурводород. Како што пишуваат германските медиуми изгорена е целата станица, а пожарникарите можат да пристапат само со заштитни маски. Во околината се уште одекнуваат детонации.

Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот.

 

Поврзани содржини