(ВИДЕО) ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ЧЕРНИХОВ Расте бројот на повредени во ракетирањето на украинскиот град

Руската ракета го погоди центарот на градот, во нашиот Чернихив. Плоштадот, политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба - објави на Телеграма украинскиот претседател Володимир Зеленски.

998

Бројот на повредените во рускиот ракетен напад врз Чернихов се искачи на 117, потврди градоналникот на украинскиот град, Олександр Ломако. Тој за Телеграф потврди дека во нападот загинале 7 лица, но има многу повредени.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави ново видео за кое тврди дека го прикажува моментот на ракетен напад врз центарот на Чернихив.






Руски ракетен напад се случил денеска на централниот плоштад во северниот украински град Чернихив, соопшти во украинското Министерство за внатрешни работи.

„Руската ракета го погоди центарот на градот, во нашиот Чернихив. Плоштадот, политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба“ – објави на Телеграма украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во работна посета на Шведска.

Поврзани содржини
na