(ВИДЕО) „НУКЛЕАРНА ПЕЧУРКА“ СЕ ПОЈАВИ ВО РУСИЈА Мистериозниот облак ги исплаши жителите на Казан

Локалниот медиум Вечерња Казан тврди дека се работи за метеоролошки феномен наречен кумулонимбус или облак кој изгледа како наковална.

1,061

Жителите на Казан, петтиот по големина град во Русија, вчера на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии од облак кој личи на нуклеарна печурка. Тоа предизвика паника кај луѓето иако подоцна е објавено дека се работи за метереолошки феномен.

Локалниот медиум Вечерња Казан тврди дека се работи за метеоролошки феномен наречен кумулонимбус или облак кој изгледа како наковална.






Кумулонимбус е густ, вертикален облак кој содржи грмотевици, формиран од издигнување на топол, влажен и нестабилен воздух. Горниот дел од облакот често се протега хоризонтално, па облакот добива облик на наковална или печурка. НАСА вели дека овој тип на облак е поверојатно да се формира на тропски широчини во текот на целата година и во текот на летната сезона на повисоките географски широчини.

Поврзани содржини