(ВИДЕО) „НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЧЕЛЗИ“ Разиграниот Медо три минути го прекина натпреварот меѓу Марибор и Борац
Инаку коментаторот од спортскиот канал „СпортКлуб“ рече дека ова е втор пат по ред Медо да прекине натпревар на овој турнир, откако пред два дена исто така втрчал на теренот во Златибор.
Непознат, но разигран „гостин“ речиси три минути го прекина натпреварот меѓу екипите Марибор и Борац на пријателскиот турнир во Златибор.
Имено на почетокот на второто полувреме бело кученце, кое се вика Медо, втрча на теренот и се играше со копачките на голманот на Борац, Вук Николиќ. Тој се обидуваше да го дофати, но не беше успешен. Потоа разиграното кученце трчаше од еден до друг играч од двете екипи, но никој од нив не можеше да го извади од теренот.
На крајот играчот на Борац, Јанковиќ излезе од теренот и се качи на трибините, успеа да го довикне Медо, а тоа со радост трчаше кон фудбалерот, а потегот на Јанковиќ доби најголем аплауз од сите на оваа средба.
Видеото беше споделено на друштвената мрежа ТикТок, а еве и дел од коментарите на оваа платформа.
„Дајте му ја топката, подобар е од вас“,
„Новото засилување на Челзи од 100 милиони евра“…..
Инаку коментаторот од спортскиот канал „СпортКлуб“ рече дека ова е втор пат по ред Медо да прекине натпревар на овој турнир, откако пред два дена исто така втрчал на теренот во Златибор.
@vedran.official #footballtiktok ♬ original sound – 👑hercegovac.official🇧🇦