(ВИДЕО) НОВИНАРКА ГРУБО ГО ИСКАРА БЕКТЕШИ ЗАШТО КАЖАЛ „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ Министерот со жалење го истрпи скандалот
„Зошто да не кажувам Република Македонија?“, ѝ одговори Бектеши на новинарката Александра Дуковска, која со повишен тон инсистираше тој да го употреби името „Северна Македонија“.
Скандал се случи денеска кога за време на пресот министерот за економија Крешник Бектеши беше искаран од новинарка дека не го користи вистинското име на државата – „Република Северна Македонија“.
Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.
– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.
Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.
– Северна Македонија – рече тој.
– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава? – инсистираше новинарката.
На ова министерот Бектеши ѝ одговори:
„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.