(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ВО АТИНА АЕК го елиминира Динамо Загреб со два гола во судиско продолжение
„Златниот“ гол за АЕК го постигна Хрватот Домагој Вида по одбранет пенал на голманот на Динамо.
АЕК го елиминира Динамо Загреб во 3.квалификациско коло од Лигата на шампионите по реванш дуелот во Атина кој заврши нерешено 2-2. На првиот натпревар во Загреб, грчкиот тим славеше победа од 2-1.
Со два гола постигнати во судиското продолжение АЕК направи неверојатен пресврт и обезбеди пласман во плеј-офот во кој го очекува дуел со белгиски Антверп. И да биде трагедијата за хрватскиот тим уште поголема, „златниот“ гол за АЕК го постигна Хрватот Домагој Вида по одбранет пенал на голманот на Динамо, Ливаковиќ.
IK HOU VAN AEK 🇬🇷 pic.twitter.com/nRlz5XkrDk
— 𝐄. (@Goatruida) August 19, 2023
Динамо поведе со 2-0 со головите на Шутал во 45. и на Љубичиќ во 65.минута. Надежта за АЕК ја врати Араухо кој во 92.минута намали на 1-2, а точка на натпреварот стави Вида со израмнувачкиот погодок со кој АЕК обезбеди плеј-оф.
Натпреварот во Атина првично беше одложен поради навивачкиот инцидент во кој еден навивач на АЕК беше убиен. Навивачите на грчкиот тим пред почетокот на натпреварот му оддадоа почит на убиениот Михалис.