(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН НАСТАН ВО ХРВАТСКА Џиновска морска желка гризна жена во море
Нападите на морски желки во Јадранот се многу ретки, а причината најчесто е самоодбраната, што било случај и овој пат.
Вчера на плажата на островот Чиово, џиновска морска желка гризнала жена што пливала во морето и на грбот и оставила црвена трага со дијаметар од десетина сантиметри.
Нападите на морски желки во Јадранот се многу ретки, а причината најчесто е самоодбраната, што било случај и овој пат, објави ХРТ.
Морската желка само се бранела од човечки допир. Таа испливала блиску до копното, капачите на плажата во Чиово, кога ја забележале, се обиделе да ја одвлечат во плиткото.
-Во ниту еден случај немало произволен напад од желка, како што беше објавено во јавноста. Всушност, таа била во морето кога се обиделе да ја допрат – изјави Драшко Холчер, виш кустос од Хрватскиот природонаучен музеј.
Желската останала неповредена и успеала да побегне од капачите.
-Морските желки не се агресивни и не комуницираат со други животни или луѓе кога е време да се парат со други желки. Она што го видовме во последните денови е моментот кога беше загрозена и имаше реакција – изјави ветеринарката Тина Белеј за ХРТ.
Главатата желка е заштитен вид во Хрватска и во Европската унија и секое вознемирување на животното е предмет на казни. Станува збор за најбројниот вид на Јадранот. Нејзиниот оклоп го покрива речиси целото тело и сите внатрешни органи.
-Видливо е дека луѓето ја малтретираат. Животното се бори за воздух, се врти на грб и исто така се обидува да касне. Ако ја забележите, држете се на дистанца, не пливајте со неа, не се загрозувајте заради фотографија. Најважно е животното да биде безбедно и двете страни да бидат безбедни – вели кустосот од Хрватскиот природнонаучен музеј.