(ВИДЕО) НЕКОЛКУЧАСОВНА РАФАЛНА СТРЕЛБА КАЈ СУБОТИЦА Конфликт меѓу криумчари, мештаните советувани да не излегуваат од куќите!
Станува збор за место на кое има повеќе неформални криумчарски пунктови и каде што и претходно се случувало да има вооружени пресметки на спротивставени криумчарски банди.
Повеќечасовни рафални пукотници се слушаа денес во зелениот појас на Суботица, Макова седмица.
Станува збор за место на кое има повеќе неформални криумчарски пунктови и каде што и претходно се случувало да има вооружени пресметки на спротивставени криумчарски банди.
Најсериозниот судир беше лани во јули кога беа повредени повеќе луѓе, а имаше и еден загинат.
Како што објавуваат српските медиуми, полицијата излегла на терен, а на жителите во тој дел од Суботица кои и ја повикале полицијата, им било речено да не излегуваат од домовите.
Полицијата се сомнева дека станува збор за пресметка меѓу азиланти.