(ВИДЕО) НЕКОЈ ЗАПАЛИЛ СКЛАДИШТА СО НАФТА БЛИЗУ КРИМСКИОТ МОСТ Инцидентот се случува денови откако беше нападнато пристаништето Севастопол

Пожарот е класифициран со највисок степен на тежина, рече на Телеграм Вениамин Кондратиев, гувернер на Краснодарската област.

600

Магацин за гориво гореше рано утринава во близина на клучниот мост што го поврзува копното на Русија со Крим, изјави руски официјален претставник. Инцидентот доаѓа неколку дена откако Москва ја обвини Украина за напад со дронови во кој беше запалено складиште за нафта во главното пристаниште на полуостровот, Севастопол, пренесува Ројтерс.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, пламен и црн чад се издигнаа над големи тенкови на кои имаше црвени натписи „запаливо“. Автентичноста на видеата уште не е потврдена во западните медиуми.

 






– Пожарот е класифициран со највисок степен на тежина – рече на Телеграм Вениамин Кондратиев, гувернер на Краснодарската област.

Гувернерот додаде дека нема жртви и дека пожарот избувнал во селото Волна. Селцето е блиску до Кримскиот мост преку Керченскиот теснец, главна артерија за руските сили, бидејќи го поврзува копното со полуостровот Крим кој беше анектиран во 2014 година од Украина.

(ВИДЕО) НАПАДНАТА ГЛАВНАТА РУСКА БАЗА НА ЦРНОТО МОРЕ Руската флота успешно одби два дрона кај Севастопол

 

Поврзани содржини