(ВИДЕО) НЕ, НЕ Е ПОТКУП, БАКШИШ Е! Ердоган им дели пари на своите гласачи

Овој потег стана традиција на Ердоган на секои избори, понекогаш на децата им дели играчки при масовните собири. Ердоган особено дели пари за време на муслимански празници.

1,290

Видео снимка на која старо-новиот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган им дели пари на своите поддржувачи, го обиколи интернет и предизвика чудење во демократскиот свет.

На излегување од гласачкото место, каде гласаше со својата сопруга, на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Турција актуелниот и иден претседател Ердоган се ракуваше со насобраните граѓани и им делеше банкноти од по 200 турски лири (околу 10 американски долари).






Овој потег стана традиција на Ердоган на секои избори, а често на децата им дели играчки при масовните собири. Ердоган особено дели пари за време на муслимански празници како Фитр-Бајрам, Курбан-Бајрам, Рамазан.

За време на претходниот претседателски мандат на Ердоган вредноста на турската лира изгуби речиси една десетина од својата вредност, во споредба со доларот, што се одрази врз стандардот на граѓаните.

По вчерашниот втор круг на изборите Ердоган синоќа прогласи победа уште пред да бидат објавени официјалните резултати.

– Добивме одговорност да владееме во следните пет години. Ако даде Господ ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во изминатите 21 година. Заедно сме до гроб. Пред изборите реков дека оваа љубов не завршува тука. Бај, бај Кемал – рече Ердоган пред граѓаните собрани во Истанбул, алудирајќи на својот противкандидат Кемал Киличдароглу.

Според Ердоган оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

Поврзани содржини