(ВИДЕО) НЕ МУ ВЕРУВА НИТУ НА СВОЈОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ Ердоган прво одби, но потоа се напи вода откако чашата му ја подаде неговиот син

Не е јасно зошто аткуелниот претседател на Турција на почетокот одбил да се напие вода, додека локалните медиуми наведуваат дека работата е поврзана со „безбедносна мерка“, а некои активисти посочиле дека тоа е поради страв да не му се случи нешто лошо.

1,601

Снимката на која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да пие вода што му ја нуди неговиот телохранител предизвика голема полемика на социјалните мрежи.

На видеото кое беше широко распространето, Ердоган одби да пие вода од својот телохранител и ја врати, а потоа му ја зеде истата чаша која му беше подадена од неговиот син Билал Ердоган.






Не е јасно зошто аткуелниот претседател на Турција на почетокот одбил да се напие вода, додека локалните медиуми наведуваат дека работата е поврзана со „безбедносна мерка“, а некои активисти посочиле дека тоа е поради страв да не му се случи нешто лошо.

Според извештаите на локалните медиуми, снимката е направена за време на учеството на Ердоган во политичка активност во провинцијата Хатај, како подготовка за вториот круг од претседателските избори.

За потсетување вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи на 28 мај, а во првиот круг од изборите на 14 мај, Ердоган освои 49,52 отсто и беше многу блиску до победа. Против кандидатот на Ердоган, Кемал Киличдароглу освои 44,88 отсто, а Оган, кој беше поддржан од Алијансата АТА, е трет со 5,17 отсто од гласовите.

 

Поврзани содржини