(ВИДЕО) „НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА, ЛАВИЦА ШЕТА ПО УЛИЦИТЕ“ Жителите на Берлин во паника, полицијата со хеликоптер го бара дивото животно

Полицијата соопшти дека хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и соседните заедници. Клајнмахнов се наоѓа на јужната периферија на Берлин и има околу 20.000 жители.

1,146

Берлинската полиција ги предупреди граѓаните да останат во своите домови бидејќи голем предатор, најверојатно лавица, е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина – Клајнмахов, Телтов и Стансдорф.

– Не знаеме од каде дошла лавицата. Вклучени се повеќе екипи во потрагата на ова животно – изјави портпаролот на локалната полиција.






Тој додаде дека зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не пријавиле исчезнатата лавица. Сведок ја алармирал полицијата за присуството на големата мачка откако ја снимил во грмушките, од својот автомобил. Некои сведоци тврдеа дека снимиле видео од голем предатор кој лови и убива дива свиња.

Полицијата соопшти дека хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и соседните заедници. Клајнмахнов се наоѓа на јужната периферија на Берлин и има околу 20.000 жители.

 

Поврзани содржини