(ВИДЕО) НАЈМНОГУ РАКЕТИ ВО НАЈКРАТКО ВРЕМЕ Киев под интензивен напад, 18 проектили се соборени

Се наведува дека најтешко е погодена областа Соломјански, која го вклучува меѓународниот аеродром.

3,286

„Максимален број на ракети за напад во најкратко можно време“. Вака го опиша денешниот интензивен ракетен напад врз Киев Серхеј Попко, шеф на воената администрација на главниот украински град. Според Валериј Залужни пак, првиот човек на Генералштабот, Русите истрелале 18 воздушни, морски и копнени проектили од север, југ и од исток.

Залужни вели дека сите проектили биле соборени од украинските сили. Сирените синоќа во 02:30 се огласиле низ градот, а тревогата беше укината два часа подоцна. Ова е осми воздушен напад на Украина овој месец.

 






 

Русија ја засили својата воздушна кампања во последните недели, пред очекуваната украинска офанзива на југот.

Жителите на Киев беа предупредени да се држат подалеку од прозорците бидејќи остатоците од пресретнатите проектили паѓаа од небото.Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека остатоци од ракети паднале во централните области, вклучително и во зоолошката градина во градот.

Се наведува дека најтешко е погодена областа Соломјански, која го вклучува меѓународниот аеродром. Серхеј Попко рече дека пожарот што избувна во деловен стан во областа оттогаш е изгаснат.

Откако Русија ја нападна Украина, илјадници цивили и борци се убиени или повредени, градови и населени места се уништени во борбите, а речиси 8,2 милиони Украинци се регистрирани како бегалци во Европа, од кои 2,8 милиони се во Русија.

Изминатите неколку дена, претседателот Володимир Зеленски беше на европска турнеја, во која му беше ветена воена опрема вредна неколку милијарди долари од западните сојузници.

 

Поврзани содржини