(ВИДЕО) НАЈМАЛКУ 20 МРТВИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЕНЕЦИЈА Автобус излетал од надвозник и се запалил

Првичните информации се дека се повредени повеќе од 40 патници.

1,793

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија, во близина на Венеција.

Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.






Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

Поврзани содржини