(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ЗА УКРАИНА ПОСЛЕ ЧЕРНОБИЛ Стигнуваат ужасни снимки од Херсон, луѓето молат за помош

Украинската војска не може да помогне, бидејќи руските сили ја контролираат оваа територија.

3,818

Ужасни снимките доаѓаат од потопениот Херсон и градовите покрај реката Днепар поплавени по уривањето на браната Каховка. Објавено е и видео на кое се гледа како мајка со две деца повикува на помош.

Украинската војска ги видела од воздух, но не можат да помогнат, бидејќи руските сили ја контролираат оваа територија.






Аналитичарот за безбедност и одбрана Мајкл Кларк го опиша уништувањето на браната како „најголемата еколошка катастрофа што ја погоди Украина по Чернобил“.

– Станбените области во близина на браната се целосно поплавени со вода и од украинската и од руската страна – додава Кларк.

За тоа кој е виновен за инцидентот, вели дека и покрај тоа што Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат, приватно сите во ОН мислат дека знаат што се случило.

-Официјално велат дека чекаат докази, но прилично е јасно дека ОН ќе ги соберат тие докази и поради тоа ќе има многу обвинувања – истакнува аналитичарот.

Вчера Кларк објасни дека е „апсолутно сигурен“ дека Русија е одговорна, велејќи дека „ниту еднаартилериска граната во светот не може да го направи тоа на брана“.

Поврзани содржини