(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ ЗАГРЕБ-БЕЛГРАД НЕ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО Страшното невреме се движи со голема брзина

Според  најавите, невремето први ќе ги погоди северозападните делови од земјата, пред се Бачка и Срем.

1,358

Разорната олуја, која прво ја зафати Словенија, а потоа ја премина Хрватска, се движи со голема брзина и во попладневните часови зафати и делови од Србија.

Според  најавите, невремето први ќе ги погоди северозападните делови од земјата, пред се Бачка и Срем. Први ќе бидат погодени градовите Шид и Бачка Паланка, а потоа Суботица.






Се очекува во периодот околу 19 часот да биде зафатено поширокото подрачје на Нови Сад, стои во предупредувањето од српскиот Хидрометереолошки завод.

На социјалните мрежи е објавено видео од автопатот Загреб – Белград, снимено во близина на хрватско-српската граница на кое се наведува дека „на автопатот не се гледа прст пред око“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

Поврзани содржини