(ВИДЕО) МУ ЗДОДЕАЛО ДА ГИ ЧЕКА СЛУЖБИТЕ Шварценегер сам поправи дупка на улица

„Секогаш велам – да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напишал 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер, каде што објави видео како ја поправа улицата.

298

Актерот Арнолд Шварценегер одлучил да ги земе работите во свои раце откако му здодеало недејствувањето на властите во неговата област, па самиот поправил дупка на патот што му правела проблеми нему и на неговите соседи.

„Откако целото соседство беше вознемирено поради оваа огромна дупка на патот што со недели ги оштетува автомобилите и велосипедите, денеска излегов со својата екипа и ја поправив. Секогаш велам – да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напишал 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер, каде што објави видео како го поправа патот.

 







Луѓето го пофалија актерот, поранешен бодибилдер и политичар што ги засукал ракавите и сам си ја завршил работата.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини