(ВИДЕО) МОНИКА СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ САКАН ЧЕНДЛЕР Требаше да бидеме заедно само една ноќ…

Во култната серија „Пријатели“, Кортни ја играше Моника Гелар, вистинската љубов и на крајот сопругата на Чендлер Бинг, ликот кој го игра Пери.

1,173

Кортни Кокс вчера му оддаде почит на колегата и пријател Метју Пери и со потресни зборови се прости од него, две недели по неговата трагична смрт.

Да потсетиме, претходно во текот на денот Мет Лебланк, познатиот Џои, објави емотивна порака на Инстаграм.






Во култната серија „Пријатели“, Кортни ја играше Моника Гелар, вистинската љубов и на крајот сопругата на Чендлер Бинг, ликот кој го игра Пери.

Таа сподели инсерт од „Пријатели“ каде ги гледаме во кревет на самиот почеток на нивната романса. Заедно со оваа преслатка сцена, актерката напиша:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)


„Толку сум благодарна за секој момент што го имав со тебе, Мети, и ми недостигаш секој ден. Кога соработуваш со некого толку блиску исто како што јас со Метју, постојат илјадници моменти кои би сакала да ги споделам. Засега, еве еден од моите омилени. Да ве запознаам со приказната; Чендлер и Моника требаше да поминат една ноќ заедно во Лондон. Но поради реакцијата, тоа стана почеток на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да почнеме да снимаме , ми шепна една смешна реплика. Често правеше такви работи. Беше смешен и љубезен“, напиша скршената Кортни Кокс.

Кортни и Метју од 1994 до 2004 година, глумеа заедно во култната серија, прво како пријатели, а потоа и како љубовна двојка која ги освои срцата на гледачите низ светот.

Метју Пери почина на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес. Најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на 4 ноември на интимна церемонија во Меморијалниот парк Форест Лаун во Лос Анџелес, за да се простат од Пери.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини