(ВИДЕО) МЕТЕОРОЛОШКО ЦУНАМИ ВО ХРВАТСКА На Корнати снимен необичниот феномен кога морето се подигнува и „врие“

Метеоролошко цунами се случува кога има брза промена на воздушниот притисок на мала област, овој нтересен феномен понекогаш може да биде многу опасен.

1,879

На хрватскиот остров Корнати во Јадранското Море забележан е необичен феномен кој запрепасти многумина. Морето се подигна повеќе од еден метар за помалку од пет минути, го поплави пристаништето, а потоа повторно се повлече. Која е причината за таквата брза флуктуација, без бранови и без плима?

Луѓето на социјалните мрежи беа изненадени од видеото од необичното однесување на морето на Корнати. Во видеото, нивото на морето невообичаено брзо се подига, водата „врие“ и го поплавува малото пристаниште, но само неколку минути подоцна почнува нагло да опаѓа.






@ratniksvetlauns Kornati pre 2 dana 😮😮😮😮 Šta se ovo desilo,kako se podiže more a nema talasa?!?!! i to vise od 1 metar. #kornati #tsunami #kroatia🇭🇷 ♬ Originalton – ratniksvetla182

Феноменот што предизвика морето да се издигне за повеќе од еден метар за пет минути, а потоа повторно да се повлече се нарекува метеоролошко цунами.

„Метеоролошко цунами се случува кога има брза промена на воздушниот притисок на мала област. Вакви флуктуации на нивото на водата се случуваат во морските канали и заливи, особено во заливите во форма на инка“, изјави за Јутарњи лист океанографот Ивица Вилибиќ.

Интересен феномен понекогаш може да биде многу опасен. Највпечатлив пример на метеоролошко цунами во Хрватска е забележан во Вела Лука на Корчула во 1978 година. Тогаш морето се заниша за шест метри, а тоа беше забележано и на друго место покрај хрватското приморје. Потоа нивото на водата се покачи и падна неколку пати, што предизвика поплави во крајбрежните градови.

 

Поврзани содржини