(ВИДЕО) МЕЧКА СЛЕЗЕ НА ПРОШЕТКА ПО БАШ ЧАРШИЈА Сараевчани се вознемирија, интервенираа ловџии

Била алармирана и полицијата, а сараевските медиуми јавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.

986

Сараевчани денеска забележаа мечка како се движи по градските улици во стариот дел на градот, а некој од нив успеале да ја снимат со мобилните телефони. Повикани се екипи за интервенција на Сараевското ловечко друштво, кои се обидуваат да ја избркаат мечката надвор од градот.

Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква за „Кликс.ба“ потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла. Се претпоставува дека мечката се симнала од местото Пашиното Брдо, каде има живеалишта на овој животински вид.






Била алармирана и полицијата, а сараевските медиуми јавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.

– Се обидуваме да ја вратиме, а таа веќе се упати кон касарната, односно кон Змајевац, тука сме и работиме, ако треба, ќе ја заспиеме и ќе ја вратиме. Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина, ако почне да прави проблеми и да полуди, ќе мора да ја застреламе за да не повреди никого – изјавил претседателот на Ловечкото здружение „Стари град“ за Н1.

Засега нема пријавени штети, па се претпоставува дека мечката заталкала барајќи храна.

Ловците посочуваат дека луѓето им ги загрозуваат живеалиштата на мечките со неодговорно однесување, со возење мотоцикли и квадрицикли низ шумите, што го нарушувало животот на животните.

Поврзани содржини