(ВИДЕО) МЕЧКА ГИ ПОЗДРАВУВА ПАТНИЦИТЕ Необичната сцена снимена во Романија стана хит

На видеото снимено на автопатот во јужниот дел на Карпатите, може да се види мечка која по патот застанува да им мавне на минувачите кои ја снимаат од својот автомобил.

1,455

Дружена мечка ги поздравува патниците на шумски пат во Романија. Видеото од необичната средба е објавено на ТикТок и брзо стана вистински хит на социјалните мрежи.

На видеото снимено на автопатот во јужниот дел на Карпатите, може да се види мечка која по патот застанува да им мавне на минувачите кои ја снимаат од својот автомобил.






Како што можете да видите на видеото, мечката не побегна од луѓето, напротив – застана како за момент да размислува што понатаму. После тоа, следува овој урнебесен клип во кој таа крева една шепа и мавта со неа како човек.

Како што пренесуваат медиумите, на овој дел од патот дивите животни често имаат средби со луѓе при што веројатно научиле како да добијат храна од оние најхрабрите.

Поздравот на мечката во Романија отвори дилема дали мечката сама научила да мавта или научила да ги имитира луѓето на совршен начин?

@jkiddmd A bear waves at passing tourists along the Transfăgărășan Highway, Romania. ##bear##waves##waving##romania##china##tourists##fyp##trendingnow ♬ original sound – Jason Kidd

Поврзани содржини