(ВИДЕО) „МЕ УДРИ ТОЛКУ СИЛНО, ШТО МИ ГО ИЗГРЕБА И ОКОТО“ Албанската пејачка се огласи откако беше нападната на концерт
Аманда Ава Коци, попозната како Ава Макс, доживеала непријатност за време на настапот во Лос Анџелес, кога маж од публиката скокнал на сцената и ѝ удрил шлаканица.
Албанската пејачка Аманда Ава Коци, попозната како Ава Макс, доживеала непријатност за време на настапот во Лос Анџелес, кога маж од публиката скокнал на сцената и ѝ удрил шлаканица.
Иако на снимката се гледа дека ударот од мажот ја здрмал, таа продолжува да пее додека непознатиот маж е оддалечен од сцената благодарение на телохранителите.
Fan jumps on stage and scratches @AvaMax tonight during ‘The Motto’ pic.twitter.com/r3ZLR2cEkx
— matt (@intomattyou) June 21, 2023
Пејачката се огласи на Твитер по овој инцидент.
„Толку силно ми удри шлаканица што ми го изгреба и окото. Никогаш повеќе нема да дојдат на мое шоу. Им благодарам на моите фанови кои беа спектакуларни синоќа во Лос Анџелес“, напиша таа.
Да потсетиме, пред само неколку дена уште една пејачка со албанско потекло Бебе Реџа беше удрена, односно погодена со мобилен телефон во главата на настап во Њујорк.
Бебе тогаш нагло го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата и расечена веѓа, додека напаѓачот рече дека тоа го направил „затоа што му било интересно“.
ФОТО: Твитер