(ВИДЕО) МАРАТОНЕЦ ЈА ЗАПРОСИ ДЕВОЈКАТА Во финишот од трката и даде веренички прстен

396

Словакот Доминик Черни на Светското првенство во атлетика ја запроси девојката Хана Буржалова. Откако ја заврши трката на 35 километри во брзо одење, на финишот ја дочека со прстен во рака.

Хана ја мина целта на крајот од трката на 35 километри кога го виде своето момче како клекнува. Откако ја мина целта, Хана со многу малку здив, но со многу возбуда успеа да каже „да“.






Двократниот словачки шампион трката ја заврши на 19-то место, додека Хана која е исто така двократна шампионка стигна дваесет и осма.

Поврзани содржини