(ВИДЕО) МАКРОН ПРЕДОЦНА ГО СИМНА ЧАСОВНИКОТ 80.000 евра за накит и муабет за синдикатите
Се работи за часовникот Бел и Рос BRV192 на кој специјално е испечатен грбот на Претседателството на Република Франција.
Францускиот претседател Емануел Макрон го симна својот часовник вреден 80.000 евра сред гостување на телевизија во кое зборуваше за пензиските реформи за кои цела Франција е на нозе. Звук од тропањето на часовникот се слуша во видеото. Десет минути во интервјуто за дневникот на ТВ Франс Макрон го носеше часовникот, а потоа го симна во моментот кога зборуваше во врска со синдикатите, кои моментално жестоко протестираат.
Petit jeu (facile).
Qu’est-ce qui disparaît entre ces 2 extraits ? pic.twitter.com/kkn0U8p1Gj— Caisses de grève (@caissesdegreve) March 23, 2023
Се работи за часовникот Бел и Рос BRV192 на кој специјално е испечатен грбот на Претседателството на Република Франција. Макрон го носел часовник на финалето на Светското фудбалско првенство во Катар, но и за време на неговата државна посета на Вашингтон минатиот декември.