(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА ГОРЕШЕ! Еве каде се водеше битка со огнот, вклчени беа и хеликоптерите

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало 17 пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари.

335

Во текот на вчерашниот ден во Македонија избуваа два големи пожари, кај Неготино и во демиркаписко. За среќа тие се изгаснати, информираше МВР, синоќа.

– Вчера хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи со хеликоптер Бел 412 го локализираше пожарот во „Гоцева шума“ каде што во попладневните часови настанал пожар на борова шума, при што била опожарена површина од околу 15-20 ха – велат од МВР.






Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало 17 пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари.

– Горела претежно ниска шума, стрништа, нискостеблеста вегетација и борова шума. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека поред последните утрински информации, пожарот на место викано „Гоцева шума“, Општина Неготино е ставен под контрола. На терен биле два пожарникара со едно ПП возило, кои вршат догаснување на пожарот каде што на одредени места се уште се забележува чадење. Во пожарот била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари – информира ЦУК.

Поврзани содржини